fbpx

SKOPJE SECRET SPOTS PART 1 – БЛАГОЈА ВАРОШАНЕЦ

24.10.2020

Благоја Варошанец е историчар на уметност и во моментов работи како куратор и Виш кустос во Музејот на современа уметност во Скопје.

Она кое го привлече нашето внимание беа неговите објави на социјалните мрежи, насловени Skopje Secret Spots, а вклучуваат фотографии од монументи и уметнички дела низ главниот град кои сигурно сте ги забележале, но веројатно не сте запознаени со значењето, историјата и позадината на истите.

Ова е прв дел од уметничките тајни на Скопје, а како што ни пренесе Варошанец, неговата архива е голема и секој ден се дополнува, така што можеме да очекуваме уште неколку продолженија.

Јавна монументална композиција, Големиот утрешен ден, 1967, комбинирана техника на дрво и метал, од уметникот Димитар Кондовски. Поставена во Железарница Скопје/Макстил А.Д. по архитектонски проект на Олга Папеш.

Скулптура на Боро Митриќески во чест на паднатите борци од Втората светска војна.

Слика од уметникот Томо Шијак, Тито јава на чело на колоната, масло на платно, 1979/80 со димензии 220х560 см поставена во Пошта 2, изградена по проект на Кензо Танге.

Меморијален споменик за Втората светска војна, бетон и метал, 1981 год. Изграден по проект на: Александар Никољски и Владимир Пота. Локација: Бул.Гоце Делчев(Позади МКЦ)

Мермерен релјеф од уметникот Драган Попоски-Дада на влезниот „тимпанон” во поранешниот Дом на ЈНА, денес Дом на АРМ, изграден по проект на: Горица Мандичева и Милка Мицевска, 1971 год.

Скулптура Човек и хуманизам, мермер, 1971 год. од уметникот Драган Поповски-Дада поставена пред поранешна Воена болница, сега Градска општа болница 8-ми Септември по проект на Јоже Осојник.

Скулптура, Дружење, 1986, во мермер од уметникот Јордан Грабуловски-Грабул поставена пред зградата на поранешна НИП Нова Македонија

Еден од последните урбани K-67 сведоци на Скопје – Модернистичка урбана опрема, Киоск тип К-67.
Локација: Факултет за електротехника и информациски технологии.

Уметникот Борко Лазески ја насликал оваа композиција, Самуил, масло на платно со димензии 4.5х5 м специјално за холот на ново изградената зграда на Вардар филм-Скопје во 1969 год.

Прегратка 5, 1959, лиен бетон, скулптура од уметникот Петар Хаџи Бошков поставена во студиото на Лазар Личеноски на кејот на Вардар.
Локација: Ул. Лазар Личеноски
.

Куќата на ул.Орце Николов бр.90 каде што се наоѓало студиото на уметникот Лазар Личеноски во периодот од 1950 до 1961 година.

„Кула“ за одбрана од авионски напади, лоцирана на место на поранешниот Скопски аеродром, изградена околу 1930 година (Ново Лисиче).

Биди дел од Telegram каналот на SMART и добивај дневна доза интересни содржини директно на твојот телефон!

СЛИЧНИ СТОРИИ