Сигурни сме дека секојдневно се соочуваш барем со мала доза на стрес, анксиозност и грижи кои индиректно, но силно, влијаат на твојата продуктивност и твојот квалитет на живот.
Прв, многу едноставен чекор за да постигнеш т.н. емоционална интелигенција и внатрешен мир кој ќе ти помогне да имаш квалитетен живот е да престанеш да ги критикуваш останатите!
Ник Вигнал е психолог кој долги години работи токму на емоционалната интелигенција на луѓето и неговиот заклучок е брилијантен:
Improving your emotional intelligence is often about what you do less of, not more of.
Можеби го правиш ова несвесно, но разбирливо е бидејќи тоа е еден начин ти да се чувствуваш подобро. Критикувајќи друга личност дека е глупава, индиректно имлицира дека ти си паметен, а тоа прави да се чувствуваш добро.

Критикуваш некој дека е наивен и индиректно имплицираш дека ти не си како него и тоа прави да се чувствуваш добро.
Доволно е да ги отвориш социјалните мрежи кои се преполни со критики кон поединци и да разбереш колку твојата околина е преплавена со НЕКОРИСНИ критики.
Од денес, започни да правиш разлика помеѓу НЕКОРИСНА и КОРИСНА критика. Корисно е кога критикуваш некој со намера да му помогнеш. Некорисно е кога критикуваш некој за самиот ти да се чувствуваш подобро.