Цвеќето е симбол на љубовта и често практикуваме да го подариме кога има повод. Но, дали го подаруваме доволно често кога нема повод или причина?
Цвеќе има речиси на секој агол – во нашата локална продавница, на пазар или во големите маркети. Не чекај да се скараш со твојот партнер и не чекај да дојде некој од важните датуми за да го подариш.
Ова пред сé е наменето за посилниот пол. За да ја почувствувате моќта на малите нешта, веќе денес купете цвеќе за вашата сакана без никаков повод и причина. Сами ќе се уверите колку еден мал и симпатичен гест кој не чини многу пари може да влијае на расположението во домот.

Неодамна, во Велика Британија беше извршена анализа за најчесите причини кои доведуваат до разводи. Резултатите од анализата се запрепастувачки и говорат дека најчесто разводите започнуваат токму поради сосема мали и навидум неважни несогласувања и проблеми.
Животот би бил многу поинаков доколку обрнеме внимение токму на тие мали нешта, а ваквите мали гестови ќе ни донесат непроценливи радосни моменти.
П.С.
Не чекај да дојде утре. Веќе веднаш направи го „експериментот“, подари и цвеќе на твојата сакана – мал чекор кој ќе направи голема позитивна промена во вашиот дом.