fbpx

ЛЕКЦИИ ПО МАРКЕТИНГ ОД LEGO

24.10.2020

LEGO е без сомнение меѓу најсилните брендови на планетата. Заразните лего коцки се изум на Ole Kirk Christiansen уште од 1932 година и најпрво биле изработувани од дрво. Модерната LEGO коцка каква што ја познаваме денес е првпат направена во 1958, а првите изработки се компатибилни и со денешните производи.

Дека збориме за бренд од кој има што да се научи, доволно говори фактот што во 1999 година, реномираниот Fortune Magazine го прогласи LEGO за производ на векот!

Ова се трите клучни точки од маркетинг стратегијата на LEGO од кои можеме многу да научиме:

Вклучи ги купувачите

Не постои подобар начин да ја анимираш публиката од интересен crowdsourcing проект. Во 2011, LEGO објави дека секој може да претстави своја идеја за играчка на социјалните мрежи и доколку дојде до бројка од 10.000 лајкови, брендот ќе ја произведе играчката, ќе ја пушти во продажба, а авторот (нормално) ќе заработи. Иницијативата сé уште трае и на пазарот редовно има нови LEGO комплети дизајнирани од фановите.

Запознај го твојот идеален купувач

Кон крајот на 90-тите години, продажбата на LEGO започна да опаѓа, а анализите на нивниот B2C тим (кои вклучија дури и детални разговори со продавачите во ланците продавници за играчки) произлегоа со шокантни резултати: целокупната маркетинг стратегија е промашена од причина што се таргетираат само деца, а во реалноста, скоро половината од фановите на LEGO се возрасни! Тоа доведе до комплетна промена на плановите и рапиден раст во продажбата и силата на брендот во следните години. Идеалниот купувач на LEGO веќе не беа само децата, туку и возрасните, а LEGO конечно го знаеше тоа.

Генијален Content Marketing

Ако барем малку сте биле вклучени во светот на маркетингот, сигурно ви е позната фразата #ContentIsKing. На ова поле, LEGO одржа лекција во 2014 со The LEGO® Movie. Не само што продажбата веќе истата година порасна за вртоглави 25%, туку и самиот филм заработи преку 500 милиони долари.

Биди дел од Telegram каналот на SMART и добивај дневна доза интересни содржини директно на твојот телефон!

ПРЕТХОДНА СОДРЖИНАРАБОТА ОД ДОМА – РЕДОВНИ ГРЕШКИ!
СЛЕДНА СОДРЖИНАСАМОУБИСТВО ВО А-МОЛ

СЛИЧНИ СТОРИИ