fbpx

КАКО ДА ГО ЗАПОЧНЕШ ДЕНОТ НА ВИСТИНСКИ НАЧИН?

19.4.2021

Да се разбудиш наутро полн со енергија и ентузијазам некогаш знае да биде тешка задача. Но, ако следиш неколку едноставни правила, ова може да стане твое секодневие.

ДЕНОТ ЗАПОЧНУВА ПРЕТХОДНАТА ВЕЧЕР!

Да, добро прочита! Како ќе се разбудиш наутро многу зависи од тоа како ќе заспиеш претходната вечер. Обиди се да ги следиш следниве неколку принципи:

„Испразни ја чашата“

Фигуративно, ова значи да го пуштиш мозокот на „пасење“ – да се ослободиш од сите мисли кои си ги имал во текот на денот, да донесеш заклучок за тоа што си завршил, што било добро, а што лошо и можеби да пуштиш лесен филм или ТВ серија која ќе ги ослободи тешките мисли.

Одмори се пред спиење

Звучи глупаво, но во пракса е одлично. Не оди директно во кревет. Остани половина час на каучот или во омилената фотелја, стабилизирај се и влези во спалната смирен.

Туширање со топла вода

Сигурно си го почувствувал убавиот ефект на топол туш пред спиење и нема потреба дополнително да го објаснуваме овој чекор.

Престани со јадење по 20:00 часот

Дозволи му на организмот и метаболизмот да одморат. Направи навика последниот оброк да биде најдоцна во 20:00 часот.

Помини време со партнерот

Навечер е идеално да посветите време еден на друг. Ако не си во врска или во брак, помини време со семејството или со близок пријател. Искористи дел од вечерта за социјализација која ќе го збогати твојот дух.

Заборави на проблемите

Звучи тешко и можеби невозможно, но имај предвид дека мислејќи на проблемите во текот на ноќта нема да реши апсолутно ништо. Единствено, може да го наруши твојот мирен сон. Затоа, научи се да се помириш со проблемите или грижите кои ги имаш и да ги оставиш „on hold“ се до утредента.

Бесконечното „скролање“ по Facebook и Instagram ќе ти донесе само непотребен стрес!

Избегнувај социјални мрежи пред спиење

Една од најлошите навики е поминување време на социјалните мрежи во кревет. Вклучи „airplane mode“ на твојот смартфон и не дозволувај содржините кои ќе ги пролисташ пред спиење да те вознемират или да ти создадат непријатни мисли. Искористи го времето да послушаш убава музика или да прочиташ „лабава“ книга. На таков начин, ќе направиш нешто од кое ќе бидеш задоволен, бидејќи news feed-от на Facebook и Instagram е бесконечен и никогаш не можеш да завршиш со скролање.

Биди дел од Telegram каналот на SMART и добивај дневна доза интересни содржини директно на твојот телефон!

СЛИЧНИ СТОРИИ