fbpx

7 НАЧИНИ ЗА БРЗО НАМАЛУВАЊЕ НА КИЛОГРАМИТЕ

27.2.2021

Најголемиот дел од луѓето се константно незадоволни од телесната тежина и сметаат дека е потребно да намалат некој килограм. За разлика од процесот на дебелење, симнувањето килограми е секогаш потешко, а најчесто луѓето имаат проблем да ја пронајдат вистинската формула за да се вратат во форма.

Овие неколку совети важат се универзални, лесни за примена и гарантирано носат резултати. Поентата е да ги направите овие неколку промени во животот и да се држите до нив подолг период, а со тоа ќе почнете да намалувате од килограмите.

ВНЕСУВАЊЕ НА ШЕЌЕР. Секој од нас внесува одредена количина шеќер на дневно ниво. Ако наеднаш престанете, тоа би претставувало шок за организмот. Затоа, прв чекор е да го замените шеќерот со некој засладувач (или барем нерафиниран, кафеав шеќер), а понатаму и постепено да го сведете внесувањето шеќер на минимум.

ПЕШАЧЕЊЕ. Едноставно е – секојдневна прошетка од најмалку 10 минути може да направи чуда за вашиот метаболизам.

Секојдневна 10-минутна прошетка може да направи чуда!

СПИЕЊЕ. Обидете се да му дадете на организмот оптимално време за одмор. Ако сметате дека 7 часа сон ви се доволни, земете го тоа како минимум и обидете се секој ден да отспиете барем еден час повеќе.

ЈАДЕЊЕ. Можеби најважно од овие правила е да не јадете ништо по 21:00 часот, секој ден! Ова не значи дека треба да прескокнувате оброци, туку да го организирате времето за вечерата секој ден да завши најдоцна во 21:00. Така, метаболизмот има време да ја процесира храната и да се подготви за вечерен одмор на вистински начин.

ВЕЖБАЊЕ. Ова не значи дека треба секој ден да посетувате теретана или да правите посебна организација за вежбање. Доволно е еднаш во текот на денот да направите неколку едноставни фитнес вежби во вашиот дом: склекови, клекнувања, растегање, качување и симнување по скали и слично. Сигурно можете да најдете барем 15 минути во текот на денот за да се посветите на своето тело.

ХРАНА ЗА МУСКУЛИТЕ. Не е потребен никаков посебен режим на исхрана, но треба да внимавате што внесувате. На мускулите им требаат протеини и затоа секогаш кога подготвувате оброк трудете се да има повеќе протеини, а помалку јагленхидрати. Кога чувствувате дека оброкот не бил доволен, напијте се една или две чаши вода или изедете една банана.

НАГРАДЕТЕ СЕ! Важен дел од процесот на грижа за телото е секогаш да ви биде забавно. Ако направите долга прошетка, трчате или имате сесија во теретана, потоа изедете и парче чоколадо или наградете се со посета на сауна или топол туш. За да бидете здрави, важно е да се чувствувате среќно и исполнето.

Биди дел од Telegram каналот на SMART и добивај дневна доза интересни содржини директно на твојот телефон!

СЛИЧНИ СТОРИИ