fbpx

6 ЖИВОТНИ ПРАВИЛА КОИ (НЕ)МОРА ДА ГИ ЗНАЕШ!

15.7.2020

Слободно може да се каже дека во животот нема правила, од причина што секој од нас живее според некои сопствени правила. Но, постојат некои фундаментални принципи кои успешните луѓе ги следат и секако не е на одмет да ги знаете.

Најголемиот дел од луѓето уживаат да бидат во својата комфорт зона и да живеат според свои принципи и правила – секогаш одбираат да ги прават работите на ист начин, но очекуваат различни резултати. Тоа е еднакво на лудило. – Алберт Ајнштајн

1. Животот е натпревар. Но, не постои точно определена дефиниција што значи да се биде победник.

Можеби е тешко да се верува, но сите ние сме играчи во натпреварот наречен живот и секој од нас се труди на секаков можен начин да победи во овој натпревар. Се наптреваруваме за слични работи: пари, слава, моќ, позиција, статус во општеството…

Луѓето се дотеруваат за да ја импресионираат личноста која сакаат да им стане партнер. Се подготвуваат за интервјуто за работа бидејќи сакаат да ја добијат работната позиција. Сé е еден вид на натпревар, а доколку го негираш ова, тоа е твојот начин да се помириш со поразот. Најефикасен начин за секогаш да бидеш победник е доколку се натпреваруваш сам со себе! Ако секојдневно се обидуваш да станеш подобра верзија од себе си, секој напредок ќе биде една мала победа. Воедно, остварувајќи ги овие победи, никогаш нема да има потреба да има и некој поразен. Затоа, канализирај ја енергијата за да ги оствариш твоите соништа!

2. Животот е игра на бројки. Оствари ги.

На никому не му е важно она што ти го мислиш. Во животот ќе бидеш оценуван само според она кое ќе оствариш. Светот ќе ти „суди“ само според конкретните работи кои ќе ги направиш и ризици кои ќе ги превземеш.

Имаш напишано необјавена книга? На никому не му е гајле. Објави ја, па ќе те ценат. Имаш идеја за онлајн бизнис или вебсајт? На никому не му е гајле. „Загреј“ го столчето, изгради го, па дури тогаш можеби ќе привлечеш внимание.

Продавачите се ценат според продаденото, писателите според напишаното, а ако си можеби фриленсер – твојот приход ќе зависи од бројот на клиенти кои те ангажираат.

Успехот се мери со бројки. Сакале да си го признаеме тоа или не.

3. Победници се оние кои знаат повеќе вештини.

Одамна одмина времето кога беше доволно да знаете еден „занает“ или да сте профи во само една дисциплина/професија. Во модерната ера, победници ќе бидат оние со комбиниран „skillset“ – ако твоја дисциплина е маркетинг – светот е полн со луѓе кои ја разбираат оваа професија. Но, ако се усовршиш и во графички дизајн, имаш познавања за видео и секојдневно работиш на твојата креативна страна, ќе развиеш уникатен сет на способности различен од останатите.

Луѓето специјализирани за само една вештина се чести. Луѓето кои познаваат комбинација на вештини се многу поретки, а секако и поценети.

4. Животот е долг натпревар. Играј го стратешки.

Во просек, човекот живее околу 30.000 денови (или 80 години). Помисли на оваа висока бројка секогаш кога треба да донесеш важна одлука – од тебе зависи колку од овие 30-тина илјади денови ќе ги живееш квалитетно и исполнето затоа секогаш носи стратешки одлуки кои ќе се исплатат на долг рок, а не утре-задутре.

5. Направи навика да уживаш во малите нешта

Секој од нас оди на патувања, на одмор, добива унапредување на работа или бонус. Тоа се моменти во кои уживаме и кои ги чекаме. Сепак, доколку направиш навика да се радуваш на многу поситни нешта, ќе откриеш сосема нова димензија на животот. Од тебе зависи на што ќе се радуваш и во кои моменти ќе уживаш, па затоа потруди се да имаш неколку такви моменти секој ден.

6. Животот не е ниту спринт, ниту маратон. Животот е лавиринт.

Најчестиот клише пристап кон животот е дека тој е спринт или маратон. Доколку си во групата на луѓе кои гледаат на животот како на спринт, ќе се „потрошиш“ трудејќи се што побргу да стигнеш до замислената цел. Од друга страна, ако си во групата кои гледаат на животот како маратон, може да „заспиеш“, не брзајќи никаде.

Затоа, обиди се да гледаш на животот како еден вид лавиринт. Бесконечен лавиринт без знаци и без јасно дефиниран излез. Секој чекор ќе ти донесе нов избор и нови опции. Секогаш кога ќе избереш по кој пат да тргнеш, постои шанса да е ќорсокак и да мораш да се вратиш назад, но и да добиеш крстосница со уште поубави можности. Движи се низ лавиринтот внимателно, памти кој дел од „лавиринтот“ е ќор сокак, а кој дел нуди можности за напредок.

Биди дел од Telegram каналот на SMART и добивај дневна доза интересни содржини директно на твојот телефон!

ПРЕТХОДНА СОДРЖИНАПРЕСТАНИ ДА КРИТИКУВАШ. ДЕНЕС!
СЛЕДНА СОДРЖИНАПАТЕЦОТ НА ДОБРЕ

СЛИЧНИ СТОРИИ