fbpx

5 ЗНАЦИ ДЕКА ЗАЛУДНО ГО ТРОШИТЕ ВРЕМЕТО

27.2.2021

Веруваме дека често се случува да ја прочитате реченицата „Животот е краток…“. Прашањето кое треба да си го поставиме е дали навистина го живееме животот имајќи на ум дека е краток.

Сегашниот момент (дури и моментот додека го читаш овој текст) можеш да го живееш само еднаш. Никогаш нема да се врати и никогаш нема да имаш шанса да го промениш. Затоа, важно е секогаш да го користиш времето корисно, правејќи нешта кои ќе ти го подобрат квалитетот на животот и ќе ти дадат чувство на исполнетост.

Ова се 5 знаци дека залудно го трошиш времето. Ако се пронајдеш во некоја од овие навики, многу лесно можеш да се обидеш да ги елиминираш!

НЕ СТАНУВАШ ОД СПИЕЊЕ БРЗО. Со појавувањето на смартфоните и социјалните мрежи, создадовме многу лоша навика: веднаш по будењето, наместо да станеме од кревет и да го започнеме денот на вистински начин, губиме половина час или повеќе во бесконечно скролање по Facebook или Instagram. Обидете се да ја елиминирате оваа навика, а времето кое ќе го „ќарите“ да го искористите за топол туш, кратки вежби, растегање или едноставно за утринското кафе.

ПОМИНУВАШ ПОВЕЌЕ ОД ЕДЕН ЧАС НА БЕСПОЛЕЗНИ АКТИВНОСТИ. Да, секој сака во некој период од денот да се исклучи од реалноста, психички и физички да се одмори и да потроши време на нештата кои му пружаат задоволство. Играње видео игри, скролање по социјалните мрежи, гледање телевизија и слични активности. Обидете се да го ограничите времето потрошено на овие активности. Еден час во текот на еден ден е сосема доволно. Остатокот од времето, искористете го за да прочитате книга. Тенка е линијата помеѓу релаксирање и губење време, па затоа обидете се да бидете ефикасни.

НЕ САКАШ ДА СИ ЛЕГНЕШ ВО НОРМАЛНО ВРЕМЕ. Ако денот е исполнет продуктивно и со значајни активности, многу е веројатно дека веќе по 22:00 часот сте уморни и сакате да си легнете. Ако, пак, имате чувство дека не сакате да заминете на спиење и го пролонгирате денот до раните утрински часови, бесполезно си го губите времето. Не само што е тешко да се сработи било што продуктивно на крајот на денот, туку се уништува и следниот ден.

ПОВЕЌЕ ВРЕМЕ ПЛАНИРАШ ОТКОЛКУ ШТО ОСТВАРУВАШ. Ова е многу интересна и честа појава за која може долго да се дискутира, а сигурни сме дека многумина ќе се пронајдеме. Секој од нас има еден тон идеи и планови и често троши доста време размислувајќи како да ги оствари, кога да започне, каков би бил исходот во сите можни сценарија и т.н. Најважен момент е оној кога престанувате да сонувате со отворени очи и започнувате вистински и конкретно да работите на тие планови. Само на тој начин, поминатото време нема да биде залудно потрошено.

ПРЕМНОГУ РАЗМИСЛУВАШ ЗА ТОА ШТО ДРУГИТЕ МИСЛАТ ЗА ТЕБЕ. Личностите кои вистински го живеат животот и ги остваруваат своите цели, соништа и планови, немаат време да обрнат внимание на тоа што другите мислат за нив. Потруди се да не обрнуваш внимание и да не бараш некакво одобрување за она кое го работиш или се обидуваш да го постигнеш од пријателите или познаниците. Суштината е да се сконцентрираш на процесот, а не на тоа што останатите ќе мислат за тоа.

Дали си меѓу личностите кои се пронајдоа во дел од овие карактеристики? Вистинскиот момент да се промениш е сега.

Биди дел од Telegram каналот на SMART и добивај дневна доза интересни содржини директно на твојот телефон!

СЛИЧНИ СТОРИИ