fbpx

4 НАВИКИ НА НЕПРОДУКТИВНИТЕ ЛУЃЕ

19.4.2021

Нема некое особено правило кое дефинира кој е продуктивен, а кој е непродуктивен и чии принципи на живот и работа се правилни, но веруваме дека ќе се сложите дека овие 4 навики го прават животот помалку продуктивен.

ЗАПОЧНУВАЊЕ НА ДЕНОТ БЕЗ ДЕФИНИРАНА УТРИНСКА РУТИНА – Во последните неколку години се напишаа многу текстови (па дури и книги) за утринските навики кои би требало да ви донесат успешен тек на денот, па и успешен живот. Тоа и не мора да е точно и не значи дека треба да спроведете војнички прецизен распоред на активности секое утро, но добро е кога се будите со некаква рутина која знаете дека ви влијае позитивно – топол туш, медитација, чаша свежо цеден сок или читање книга. Кога ќе создадете квалитетна утринска рутина, деновите ќе ви бидат поуспешни.

ПОГРЕШНО ПОСТАВУВАЊЕ НА ПРИОРИТЕТИ – Често, со цел завршување на колку што е можно повеќе обврски во текот на денот, луѓето знаат да се сконцентрираат на „малите“ нешта и целата енергија да ја насочат кон завршување на еден куп неважни обврски. За сметка на тоа, суштински важните работи се провлекуваат недовршени од ден на ден. Кога ќе ги поставите приоритетите правилно, ќе се посветите на најтешките и најпредизвикувачките задачи уште веднаш.

НЕМАЊЕ ПЛАН – Под план не се подразбира строго определена листа на задачи или термини, но од особена важност за подигнување на квалитетот на вашиот живот е да работите на нештата плански. Доволно е да одвоите некое „ќоше“ во вашиот мозок каде ќе направите виртуелен „список“ на цели кои сакате да ги остварите на краток, среден и долг рок, а верувајте дека многу практично е и физички да ги запишете на лист хартија кој секогаш би бил на дофат.

РАБОТЕЊЕ „ВО ДРУШТВО“ т.е. БЕЗ ТОТАЛНА ИЗОЛАЦИЈА ОД ОКОЛИНАТА – Ова можеби не важи за секого и за секој тип на работа, но наш совет е секогаш кога работите нешто важно, целосно да се изолирате од околината и да се сконцентрирате само на работата. Ќе бидете вчудоневидени од вашата ефикасност доколку одвоите барем 2 до 3 часа од денот во кои ќе го оставите на страна телефонот и социјалните мрежи и ќе се посветите вистински на она кое треба да го сработите.

Биди дел од Telegram каналот на SMART и добивај дневна доза интересни содржини директно на твојот телефон!

СЛИЧНИ СТОРИИ