fbpx

3 ЧЕКОРИ ЗА ДА ГО ПРОМЕНИШ ЛОШОТО РАСПОЛОЖЕНИЕ

19.4.2021

Секој од нас, во одреден период од денот (или неделата или месецот) се наоѓа во лошо расположение. Без разлика која е причината за истото, важно е да умеете да се „извлечете“ и да се вратите во нормала. Лошото расположение предизвикува стрес, а стресот предизвикува еден куп непосакувани последици (здравствени и психолошки).

Следниот пат кога ќе се најдете во лошо расположение, обидете се да го совладате во три едноставни чекори: МММ – MOVE, MAKE, MEET.

MOVE

Раздвижете се! Научно е докажано дека зголемената физичка активност помага при анксиозност, стрес, лошо расположение, па дури и кај тешки случаи на депресија. Не мора да правите спринтови или да ја посетите најблиската теретана, доволно е да направите 30-минутна прошетка, посета на паркот или едноставно да станете и да ги „протегнете“ нозете за време на паузата на вашето работно место.

MAKE

Во последно време, се помалку создаваме, а повеќе консумираме. Почесто нарачуваме готова храна, а поретко готвиме. Најмуваме градинари да ни го средат дворот, наместо да го направиме тоа самите. Човекот е „програмиран“ да создава и самиот чин на создавање (без разлика дали е готвење ручек или садење и одгледување цвеќе на терасата) влијае позитивно на расположението. Пронајдете хоби кое одговара на вашите способности и практикувајте го.

MEET

Во денешно време, со сета модерна технологија која ја имаме на располагање, многу е лесно да се изолираме од остатокот од светот. Viber групите ги заменија другарувањата „во живо“, чатовите ги заменија телефонските повици и средби. Обидете се да најдете време да се сретнете со луѓето кои ви значат.

Биди дел од Telegram каналот на SMART и добивај дневна доза интересни содржини директно на твојот телефон!

СЛИЧНИ СТОРИИ