Анализирајќи ја посетеноста на SMART, постои голема веројатност дека овој текст го читате од вашиот iPhone или iPad. Затоа, решивме да ви предложиме три мобилни апликации кои можат да ви го олеснат секојдневието и да ви помогнат да бидете поорганизирани и продуктивни.

Habit — Daily Tracker
Најлесен начин да создадете добри навики, без разлика дали се работи за редовно пиење вода, вежбање, медитација или некоја редовна работна обврска, со Habit е лесно да ја создадете и одржувате навиката. Има едноставен интерфејс и практичен widget.
Ulysses
Ако не сте човек кој сака да запишува, прескокнете ја оваа апликација. Ulysses е моќен „дигитален тефтер“ во кој можете да ги запишете сите мисли или забелешки кои ќе ви прелетаат во текот на денот. Она кое ја прави оваа апликација различна од обичните Notes се бескрајните опции за конфигурирање на категории/структура, моќната search-and-find функција, како и можност за експортирање на напишаното во повеќе различни формати.
Things
На пазарот се достапни мал милион To-Do апликации, а Things е нашиот избор поради убавиот дизајн, како и поради едноставноста (другите ни се премногу комплицирани).