fbpx

РАБОТА ОД ДОМА – РЕДОВНИ ГРЕШКИ!

15.7.2020

Голем дел од населението (и кај нас, но и низ целиот свет) поради пандемијата ги напушти своите редовни работни места и продолжи со работните активности од домашна атмосфера. Работата од дома во некој случај може да биде еднакво ефикасна како работата од работното место, но има неколку грешки кои ги правиме и ја намалуваат нашата продуктивност.

Работа во пижами. Постои една изрека: „Dress for success“ – истата има подеднакво значење и за работењето од дома. Ако мислиш дека од удобноста на твоите пижами ќе можеш да завршиш важна работа, размисли повторно. Удобноста несвесно те опушта и прави да се чувствуваш повеќе како дома, отколку на работа, а идејата е сосема спротивна – да се трудиш да ги завршиш обврските еднакво ефикасно како и секој нормален работен ден. Затоа, корисно е доколку се откажеш од удобноста на твоите пижами и се однесуваш како навистина да си на работа.

Одложување на работата за подоцна. Со работата од дома, немаш ограничено работно време во кое мораш да ги завршиш работните обврски, но доколку гледаш на таков начин, големи се шансите константно да ги одложуваш истите за подоцна. Одложувањето е корен на секоја незавршена работа, а многу истражувања покажуваат дека одложувањето влијае и на зголемување на нивото на стресот кај човекот.

Работа во кревет. Генерално, оваа грешка е во тесна поврзаност со првата и важи истата анализа.

Chit-Chat или „муабетење“ со домашните. Го намалува фокусот, лошо влијае на концентрацијата и често може да те спречи во ефикасно завршување на обврските. Обиди се да се однесуваш како да си присутен на состаноците иако се одржуваат онлајн.

Немање распоред. Ако не направиш точен план и распоред на тоа како планираш да ги завршиш дневните обврски, големи се шансите да не ги ни завршиш.

Вклучување на домашните обврски во распоредот. Полошо од немање план и распоред за работа е вклучувањето на домашни обврски во истиот. Мали се шансите да подготвиш одличен извештај ако во времето кога го подготвуваш вклучиш и фрлање на ѓубрето, готвење ручек или вклучување на машината за перење алишта.

Биди дел од Telegram каналот на SMART и добивај дневна доза интересни содржини директно на твојот телефон!

СЛИЧНИ СТОРИИ