fbpx

ЗОКИ ПОКИ НА МТВ & YOUTUBE

24.10.2020

Неделава започна со емитување Зоки Поки – нова ТВ серија во продукција на Кино око.

Снимена е минатото лето во Скопје, продуцент е Роберт Насков, а авторите веруваат дека освен за деца, серијата ќе биде привлечна и за возрасната публика.

Премиерите се на МТВ 1 секој понеделник и четврток од 20:15 часот, а Македонската радио-телевизија е воедно копродуцент на проектот.

Улогите ги толкуваат Матеј Настевски (Зоки Поки), Анастасија Аневска (Лидија), Матео Матоски (Боки) и Матеј Зимбаков (Гоки) како и веќе познатите Сашко Коцев, Даниела Иваноска (родителите) и Сабина Ајрула-Тозија (бабата).

За секогаш да добивате известување за новите епизоди и видео содржини, кликнете Subscribe на официјалниот YouTube канал.

Биди дел од Telegram каналот на SMART и добивај дневна доза интересни содржини директно на твојот телефон!

СЛИЧНИ СТОРИИ