fbpx

БОЈАН ПЕТКОВ – ШАМБА: ЗВУЦИТЕ НА МОЈОТ КАРАНТИН

24.10.2020

Бојан Петков – Шамба (Летечки Пекинезери) ни направи „карантински“ музички избор. Уживајте!


Со тоа што ќе издвојам по една песна од неколку албуми кои ги слушам и ми се лично меѓу најомилените, би сакал да ви претставам што слушам за време на карантинот.

Shuggie Otis – Inspiration Information

Ако не сте го слушнале претходно на моменти ќе ве излаже дека слушате албум од последнава деценија од артист кој пробува да звучи како доцни седумдесетти. Ме фасцинира уникатноста на овој албум и би сакал да постојат повеќе вакви.

Marcos Valle – Previsao do Tempo

Барајќи слична музика на “Inspiration Information” налетав на дискусија на reddit на истата тема. Имаше понудено повеќе и откако ги преслушав само овој успеа лично за мене да падне во таа категорија.

Jorge Ben – Forca Bruta

Имав период кога овој албум го пуштав секој ден. Ме потсетува на ботаничка градина со егзотични растенија поради органската психоделичност што ја поседува. Гласот на Јорге Бен е нешто најубаво и може да се осети неговото уживање додека го слушаш како пее.

Steely Dan – Aja

Долго време знаев за овој бенд, но конечно вистински одвоив време да ги слушам изминатово лето. Со моите другари се зезаме кога ќе слушнеме софт рок со саксофон или некаква мека џез-рок фузија дека тоа е татковски звук… За тоа што пробувам да го опишам на запад постои термин Yacht rock, иако треба да биде тоа навредливо мене ми звучи прекрасно и ми ја збогатува имагинацијата додека ја конзумирам оваа музика.

Stevie Wonder – In Square Circle

Ако Steely Dan го поседуваат “татковскиот“ звук, тогаш овој албум на Stevie Wonder ми асоцира како да го поседува звукот на VHS-от. Освен неговиот глас сите други звуци се од синтисајзер. Кога го слушам неизбежно е да не запловам во носталгична епизода за флипери, видеотеки, монтки… итн

Chet Baker – Chet Baker Sings

Обожавам кога џез музичар ќе направи албум со поп сензибилитет и на крајот тоа ќе испадне успешно. Ме фасцинира начинот на кој ги изговара зборовите во песните и илузијата на неговиот глас дека е во близина. Не сум способен да ја игнорирам убавината на овој албум.


Со нетрпение очекуваме средба со Др. Шамба и Летечки Пекинезери по завршување на пандемијата.

До тогаш, уживајте во музиката и чувајте се!

Музика од третиот албум „Салон за Дотерување” – МТВ Unplugged 2019

Биди дел од Telegram каналот на SMART и добивај дневна доза интересни содржини директно на твојот телефон!

СЛИЧНИ СТОРИИ