fbpx

ВЕЛО УЧИЛИШТА – РЕВОЛУЦИЈА ВО НАШИОТ ОБРАЗОВЕН СИСТЕМ

15.7.2020

„На хартија“, сите се залагаме за подобрување на образовиот систем и создавање на услови за квалитетен развој на најмладите генерации. Сепак, бројот на поединци и организации кои вистински, на терен работат за унапредување на состојбата е мал.

Никола Нешкоски е директор на Eco Logic, невладината организација која стои зад проектот Вело Училишта и неодамна прослави 9 години од своето постоење.

Eco – Logic е… здружение на граѓани оформено во 2011 година со идеја да го подобри образовниот систем во Македонија, преку воведување на интерактивни и креативни методи на учење и предавање.

Проектот започна во…. проектот Вело Училишта е во моментов на ниво на програма, која иницијално започна како проект, во јануари 2018 година со 10 основни училишта – вело членки, а во моментов мај 2020 година броиме 115 основни училишта, вело  членки.

Визијата зад Eco – Logic e… заштита и унапредување на животната средина и промовирање на концептот на одржлив развој преку воведување на иновативно неформално образование за деца, млади и возрасни. Едноставно кажано – сметаме дека комбинацијата на неформално и формално образование вродува со плод кога скааме да ја подигнеме свеста на луѓето за било која тема.

Екологијата во Македонија… На хартија – цвета! Во пракса, најмногу работа е завршена од граѓанските организации, додека институциите најчесто се тивки набљудувачи. Треба промена во овој метод на функционирање, при што самата држава треба да се залага многу повеќе на ова поле.

Најмногу сум горд на проектите… уф, многу биле до сега, но најдраги ми се проектите со дечињата, од кои би ги издвоил тековниот (веќе на ниво на програма) – „Вело Училишта“ и еден проект од 2015 година – „Едукација за обновливи извори на енергија“.

За подигнување на еколошката свест е потребно… промена на образовниот систем, и воведување на практични часови за сите деца, почнувајќи од градинки породлжувајќи во основни и средни училишта.

Наши следни планови се… продолжување со работата на подигнување на велосиепдската свест кај децата и родителите, но и зајакнување на капацитетите на основните училишта на оваа тема.

Кога би можел да испратам порака до 15-годишниот Никола, тоа би било…. да продолжи со тоа што го правел на тие години, секоја фаза од животот е посебна, сама за по себе

Мојата порака до сите родители во Македонија е… мотивирајте ги децата да возат велосипед, но и заедно со нив да поминувате што е можно повеќе време во природа.

Три работи кои веднаш би ги променил во нашето општество доколку имам моќ се… воведување на официјално образование за велосипедизам во сите основни училишта, формирање на пешачки и велосиепдски зони низ целиот строг центар, и креирање на т.н вело катчиња во секоја населба!

Никола, Eco Logic и целата вело екипа ја имаат нашата поддршка!

Погледнете го и видеото по повод 9-от роденден на Eco Logic и следете ги на Facebook и YouTube.

Биди дел од Telegram каналот на SMART и добивај дневна доза интересни содржини директно на твојот телефон!

СЛИЧНИ СТОРИИ